Градоначалникот Бобан Стефковски заедно со директорката на Макстил Марија Дуковска Павловска го пуштија во употреба мултифункционалниот парк во Маџари-Триангла кој се простира на површина од над 2000 метри квадратни и ги има следните содржини: парк за миленици, фитнес зона со справи за вежбање, детски парк опремен со реквизити за игра и забава.
Целиот простор е хортикултурно уреден со автоматски систем за наводнување, а соодветно е осветлен и уреден со патеки од павер елементи, фонтана, летниковец, клупи и друга урбана опрема.
Паркот е изграден со партнерство помеѓу општина Гази Баба и Макстил, за што јавно се заблагодаруваме на оваа компанијата за покажаната општествена одговорност.
Најавуваме дека од денес започнува и реализацијата на нов проект за изградба и реконструкција на седум спортски игралишта со современа тартан подлога и подлога од вештачка трева.
Извор: Општина Гази Баба