Историски ден: Во Брисел започнуваат преговорите за полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ

ВладаИсториски ден: Во Брисел започнуваат преговорите за полноправно членство на Северна Македонија...

Најчитано

По 17 години кандидатски статус Република Северна Македонија денеска на 19 јули 2022 година во Брисел ги започнува преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Започнувањето на преговорите ќе биде означено со одржување на првата меѓувладина конференција закажана за во 9:30 часот во Советот на Европската Унија, на која како предводник на македонската делегација ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски.

Обраќањето на премиерот Ковачевски можете да го проследите на следните линкови:

Обраќање на премиерот Ковачевски на македонски јазик

Обраќање на премиерот Ковачевски на англиски јазик

Веднаш по меѓувладината конференција е планирана и прес-конференција во 11:00 часот на која ќе се обрати премиерот Ковачевски.

Прес-конференцијата можете да ја следите на следните линкови:

Прес-конференција на македонски јазик

Прес-конференција на англиски јазик

Според агендата денеска пред одржувањето на меѓувладината конференција, премиерот на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со премиерот на Албанија Еди Рама ќе се сретнат со Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала како претставник од чешкото претседателство.

Веднаш после средбата во 9:15 часот се предвидени заеднички изјави кои може да ги следите на следните линкови:

Изјави на македонски јазик

Изјави на англиски јазик

Во рамките на историската посета на Брисел за денеска попладне е најавено и започнувањето на скринингот за Република Северна Македонија и работен ручек на премиерот Димитар Ковачевски со еврокомесарот за проширување и добрососедски политики Оливер Вархеји, на кој ќе присуствуваат и двете делегации.

Како дел од официјалната владина делегација во Брисел отпатуваа првиот вицепремиер Артан Груби, заменикот на претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, како и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за внатрешни работи Оливер Спасовски, за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити и други високи претставници на Владата кои се придружувани од амбасадорката Агнеза Руси Поповска, шеф на Мисијата при ЕУ.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе