spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на првиот состанок за скрининг процесот

МНР: Османи на првиот состанок за скрининг процесот

Во рамки на историската посета на Брисел, 19 јули 2022, кога официјално ги отворивме преговорите за пристапување во Европската Унија, министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше воведно обраќање на инаугуративниот состанок за процесот на скрининг.

Осврнувајќи се на долгоочекуваниот почеток на преговорите, Османи предочи дека денес ја започнуваме финалната фаза на нашиот евроинтегративен пат за остварување на заедничката цел – полноправно членство во Европската унија.

„Патот дотука не беше нималку лесен, но денес нема да се навраќаме на минатото, туку нашиот поглед е свртен кон иднината и задачите кои треба да ги исполниме за време на преговарачкиот процес. Конечно, од стартната позиција ја почнуваме трката и отсега ќе зависи од нашите сили и способности – да ги мобилизираме сите наши човечки ресурси и посветено да работиме додека не ги исполниме потребните услови за влез во европското семејство во кое цивилизациски, вредносно и културно припаѓаме.“

Османи упати благодарност за драгоцениот ангажман на Европската комисија, уверувајќи ги дека нашиот преговарачки тим е подготвен и нестрпливо очекува да продолжи со скринингот по секое од поглавјата во рамки на кластерите.

Во оваа прилика, министерот Османи им го честита отворањето на преговорите на граѓаните и им се заблагодари на сите оние службеници во администрацијата, но и во граѓанскиот сектор, кои макотрпно и посветено работеа низ годините на остварувањето на првенствениот надворешно-политички приоритет на нашата држава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте