Општина Дебар е партнер на проектот на УСАИД Северна Македонија – Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите на општината.
Со помош на г-ѓа Марина Јандревска, специјалист за општински финансии, присутните од општинската администрација имаа можност да дознаат повеќе за: – Поведување на постапка за јавни набавки – Следење на спроведувањето на договорот за јавни набавки – Исплата на финансиски обврски согласно договорот за јавни набавки.
Овој проект ќе придонесе за зголемување на стабилноста на финансиското управување на општината и зголемување на контролата врз работата на општината.
На овој начин се намалува веројатноста за грешки, измами, непочитување на прописите, како и ризикот од неоткривање на овие проблеми.
Извор: Општина Дебар