spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Извршени консултации за подготoвка за Самитот на ОН за трансформирање на...

МОН: Извршени консултации за подготoвка за Самитот на ОН за трансформирање на образованието

Изминатиот период Министерството за образование изврши консултации за подготoвка за Самитот на ОН за трансформирање на образованието, што ќе се одржи во септември во Њујорк, но и за надополнување на Стратегијата за образование.

МОН како институција исклучително посветена на градењето квалитетен национален образовен систем, во таа насока, со голема поддршка од УНИЦЕФ започна процес на национални консултации за тоа како треба да изгледа образованието во нашата земја во иднина.

Во рамки на подготовките за Самитот министерот Јетон Шаќири оствари средба со граѓанскиот сектор, на која стана збор за овозможување на целосно закрепнување од пропустите и нарушувањата во наставата и учењето предизвикани од Ковид-19, и за тоа како да се трансформира образованието и да се овозможи усвојување на напредни вештини, а училиштата да станат инклузивни, правични и безбедни места.

Панел дискусија по повод промоција на мобилната апликација “Bebbo”, развиена од страна на УНИЦЕФ, исто така беше дел од активностите за подготовка.

Мобилната апликација има за цел да им понуди на родителите на децата од најмала возраст до шест години, лесен пристап до сеопфатни и проверени информации и интерактивни алатки со одговори на најразлични прашања поврзани со здравјето и развојот на децата.

Понатаму, министерскиот состанок во Париз на кој присутните разговара за предизвиците и идните проекти од областа на Научното истражување и иновации.

Во таа насока министерот Шаќири истакна дека Владата на Северна Македонија не само што овозможи континуитет на воспитно – образовниот процес за време на пандемијата, туку напротив во овој период ги иницираше и започна со имплементација на најкрупните образовни реформи кои досега се случиле во Северна Македонија и  како што рече тој „тие треба да го трансформираат националниот образовен систем во современ модел, кој ќе ги интегрира новите стандарди за квалитет и ќе одговара на глобалните образовни трендови“.

Како да се забрза прогресот на образованието до 2030 година беше уште една од главните теми на министерскиот состанок кој се одржуваше во Париз. На овој состанок министерот Шаќири се осврна на активностите кои Владата на Северна Македонија ги презеде во насока на обезбедување континутет на воспитно – образовниот процес за време на пандемијата, промените кои се започнати токму во периодот на здравствената криза со цел унапредување на квалитетот на националниот образовен систем, како и за идните планови врзани токму за остварувањето на оваа цел.

Со вклучување на пратениците изминатиот период беа продолжени консултациите за Националната развојна стратегија за периодот 2022-2042. Пред членовите на Комисија за образование, наука и спорт, министерот за образование ја истакна важноста на конструктивниот дијалог со сите засегнати страни, во подготовката на овој сеопфатен стратешки документ кој што ќе ги содржи националните приоритети и долгорочните развојни цели, со фокус на имплементацијата.

МОН изминатиот период активно работеше и на подготовка на Национална развојна стратегија за периодот 2022-2042 година. Во овој процес значајна беше поддршката од Фондот за добро владеење на Британската амбасада во Скопје, како и на УНДП и Постојаниот координатор на Обединетите нации во Северна Македонија. Стратегијата ќе има четири области: животна средина, човечки капитал, економски раст и инфраструктура.

Во делот кој се однесува на младите министерот Шаќири, истакна дека младите се во фокусот на политиките на Министерство за образование и наука.

Подготвителниот министерски состанок во Париз пред одржувањето на Самитот за трансформација на образованието во организација на УНЕСКО претходи на Самитот за трансформација на образованието, што ќе се одржи во септември годинава во седиштето на Обединетите нации во Њујорк. Има за цел да ги мобилизира главните општествени чинители во секоја земја со цел утврдување на нов правец за развој на образованието.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте