spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работен состанок Алити-Дамико

МИОА: Работен состанок Алити-Дамико

Министерот за информатичко општество и администрација (МИОА), Адмирим Алити имаше еден работен состанок со  г-дин Седрик Дамико – директор на компанијата ИДЕМИА за Европа, која е водечка компанија во обезбедување на софистицирани технолошки услуги, производи и програми за компании и влади.

Соговорниците разговараа за можностите за соработка, на која беа презентирани технологиите и системите на компанијата кои се однесуваат на безбедноста на податоците, биометриската идентификација, обезбедувањето на јавните простори и многу други услуги, кои овозможуваат побезбедна средина за граѓаните и владите.

 

Алити и Дамико се  договорија да продолжат да се сретнат и во иднина, за конкретни чекори на соработка.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...