spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГостивар: Ангажирани 25 невработени лица за организирање на јавни настани

Гостивар: Ангажирани 25 невработени лица за организирање на јавни настани

Општина Гостивар по втор пат го доби проектот со кој преку јавен оглас за организација на јавни работи се ангажирани 25 невработени лица со ниски квалификации.

Имплементацијата на оваа програма за вработување доаѓа преку Работниот клуб на Агенцијата за вработување на РСМ – Центар за вработување на чија територија се наоѓа седиштето на ЕЛС.

Вработените ќе бидат ангажирани најмногу 22 дена и ќе земаат дневница од 600 денари со вклучен персонален данок.

На првиот работен ден на ангажираните работници, градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Тарачари, ги посети и ја набљудуваше работата на работниците во касарната во Долна Бањица.

 

 

 

 

Извор: Општина Гостивар 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...