Унапредување на соработката со Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

ВладаУнапредување на соработката со Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски...

Најчитано

Заменичката на претседателот на Владата зaдолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска се сретна со Адела Моника Аксинте, амбасадорка на Романија во нашата држава.

На средбата се разговараше за можноста за унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики и на добро владеење, како и за споделување корисни искуства од Романија во процесот на пристапување кон ЕУ.

Во разговор со амбасадорката Аксинте, вицепремиерката Грковска се заблагодари за пријателството и поддршката од Романија и посочи дека Кабинетот за креирање на политики за добро владеење е фокусиран на неколку проекти поврзани со антикорупциски политики и интегритет кои ќе се реализираат во следниот период.

Амбасадорката Аксинте го поздрави почетокот на скрининг процесот за членство на Северна Македонија во Европската Унија и посочи дека нашата земја може да очекува експертска поддршка од Република Романија во имплементирање на реформите потребни за остварување на евро-интеграциските процеси.

Во однос на отворање на преговорите со ЕУ, вицепремиерката Грковска се заблагодари за искрената и пријателска поддршка од Романија.

Вицепремиерката Грковска и амбасадорката Аксинте се согласија дека двете земји треба да продолжат да ги одржуваат добрите односи и да работат на унапредување на соработката, која е во интерес на сите граѓани во двете земји.

 

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе