spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЧаир: Отварање на плоштадот „Woodrow Wilson” пред општината

Чаир: Отварање на плоштадот „Woodrow Wilson” пред општината

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс и градоначалникот Висар Ганиу свечено го промовираа плоштадот „Вудро Вилсон“ во Општина Чаир
Како резултат на збратимувањето со градот Стаунтон на Соединетите Американски Држави, во Општина Чаир свечено беше промовиран Плоштадот што го носи името на 28-от американски претседател Вудро Вилсон.
Свеченото промовирање на плоштадот беше направено од амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнс и градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.
Ганиу објасни дека Плоштадот „Вудроу Вилсон“, кој се наоѓа пред зградата на Општина Чаир, ќе биде во целосна функција на сите граѓани и е посветен на сите генерации.
Овој плоштад, поплочен со природен гранит, се состои од амфитеатар со 80 седишта, сцена и фонтана.
„Сигурни сме дека овој плоштад ќе биде многу привлечен за различни културни и образовни организирања. Така децата од градинките, од училиштата, студентите ќе можат да реализираат разни организации без да им требаат други реквизити бидејќи тука имаат се – амфитеатар со седишта, бина, фонтана и сето тоа опкружено со зелена средина“, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Тој понатаму појасни дека осветлувањето го прави плоштадот „Вудроу Вилсон“ посебен особено во вечерните часови, кога граѓаните ќе можат да ги поминат своите мигови во многу удобно опкружување.
Пред административната зграда на Општина Чаир по повод 100-годишнината од Версајскиот договор, во 2019 година беше поставена и бистата на американскиот претседател Вудро Вилсон. Затоа Ганиу нагласи дека како што се одразуваат прогресивните идеи на американскиот претседател кој толку многу сакаше мир, а не војна и неговата важна улога во Версајскиот договор за развојот на народите, така и името на Вудро Вилсон ќе се одрази преку плоштадот и бистата во општина Чаир.
Амбасадорката Брнс изрази интерес за тековните области со врвен приоритет на општината и за тековното партнерство со збратимениот град Стаунтон, Вирџинија. Исто така, амбасадорката Брнс ја истакна важноста на доброто владеење и транспарентноста од локалните самоуправи, со еднаков пристап и третман за сите жители и бизниси.
Инаку, пред три години Општина Чаир се збратими со градот Стаунтон, родното место на претседателот Вудро Вилсон, една од најславните личности на американската политика кој се бореше за еднаквост на малите народи не само на Балканот.
По збратимувањето следуваше поставувањето на бистата на американскиот претседател во општина Чаир, која беше заокружена со изградбата на Плоштадот „Вудроу Вилсон“, пред општинскиот административен објект.

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...