spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКавадарци: Амбасадорот на Република Франција во посета на општината

Кавадарци: Амбасадорот на Република Франција во посета на општината

Општина Кавадарци ја посети амбасадорот на Република Франција во Македонија, г-дин Сирил Бомгартнер. На средбата со градоначалникот Митко Јанчев се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија, како и за процесот на пристапување и приближување на Македонија кон Европската Унија.

По средбата амбасадорот и градоначалникот ќе ги посетат С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов” и О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов” Кавадарци, за амбасадорот да се запознае со праксата на изучување на францускиот јазик како и да се разгледа можноста за формирање на француски паралелки во основното и средно образование.

Извор: Општина Кавадарци

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...