На Finance talks панел дискусија со наслов „Придобивки од имплементација на европските законски решенија во домашниот финансиски сектор“ беа посочени постоечките предизвици со кои се соочува финансискиот свет во земјата, како и чекорите кои се потребни за да се обезбеди стабилен и праведен финансиски пазар.
Своето искуство и експертиза го изнесоа истакнатите говорници, Министерот за финансии Г-дин Фатмир Бесими, Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје м-Бранко Грегановиќ и Генералниот директор на ИутеКредит Македонија, д-р Горан Василев.
На панел дискусијата се истакна потребата за хармонизација на домашните правни прописи со оние на Европската Унија и се потенцираше важноста од заедничката соработка и вклучувањето на сите чинителни во финансискиот свет во процесот на изнаоѓање на иновативни решенија.
Се утврди заклучокот дека за унапредување на домашниот финансиски пазар ни е потребно агилно прилагодување кон промените, заеднички труд и пристап кој ќе обезбеди конзистентност, стабилност и сигурност како за институциите така и за населението.
Извор: ИутеКредит Македонија