spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Преку дијалог можеме да најдеме флексибилни решенија кои секогаш се во...

МТСП: Преку дијалог можеме да најдеме флексибилни решенија кои секогаш се во корист на работниците

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  вчера се сретна со Амбасадорот на Австрија, Д-р Георг Вуцас и претставници на текстилната компанија „Текспорт“.

На средбата се разговараше за предизвиците со кои се соочува текстилната индустрија во насока на исполнување на предвидениот план за работа, потребата од прекувремена работа поради недостатокот на работници кои се квалификувани и заинтересирани да се вклучат во производствена дејност.

Сопственичката на „Текспорт“ ја истакна потребата од нови вработувања во нејзината компанија со цел постигнување на побарувачката на готови производи во компанијата.

Амбасадорот се осврна на квалитетот и добрите услови, почитување на правата на работниците како и соодветната плата кои се предности на оваа компанија и со таа цел треба работниците да бидат насочени кон квалитетот што „Текспорт“ како фабрика може да го понуди.

Барањата од присутните беа во насока изнаоѓање на флексибилно решение кое го вклучува прашањето на прекувремена работа кое што може да се достигне само со дијалог и консензус од страна на сите засегнати страни.

„Законот за работни односи не е направен за еден, туку за заштита на сите вработени. Само заедно можеме преку отворена дискусија да изнајдеме решение на предизвиците со кои се соочува компанијата, но во рамките на законот. На ваков начин ќе ја превенираме злоупотребата на истиот и ќе го задржиме почитувањето на правата на работниците“, рече Тренчевска.

 

Таа истакна дека соработката со австриските компании, но и со сите странски инвеститори е од особена важност, посебно во овие мигови кога јасно ја детектираме потребата од работна сила и од вклучување на пазарот на труд на сите, посебно на лицата кои се активни приматели на гарантирана минимална помош.

Процесот на креирање на нов Закон за работни односи, отворените консултации, но и ваквиот тип на средби и примање на сугестиите на реалниот сектор, се показатели за отвореноста на Министерството за труд и социјална политика во процес на отворен дијалог да ги решава актуелните проблеми.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Центар: Зелено светло за бесплатни тренинзи на јуниорите на КК Работнички...

0
На 35. Седница на Советот на Општина Центар е усвоен предлогот на градоначалникот Горан Герасимовски за користење на училишната спортска сала во ООУ ,,Коле...