spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Градиме систем кој обезбедува континуиран развој на високото образование и науката

МОН: Градиме систем кој обезбедува континуиран развој на високото образование и науката

Архитектонскиот факултет е врвна високообразовна институција која подготвува кадри од областа на архитектурата и урбанизмот, со современи услови за студентите и можности за реализирање на меѓународни проекти како и можности за развој и усовршување на наставниот кадар. Во текот на петгодишните интегрирани студии од прв и втор циклус, студентите учат како да го направат просторот погодно место за живеење, адаптирајќи го според приоритетите на човекот, а знаењата можат да ги надоградат продолжувајќи и на докторски студии. Ова го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на прославата на јубилејот на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, укажувајќи дека задача на ресорното министерство е да им овозможи на студентите успешно да го изодат тој пат.

„Стратешка цел на МОН и на Владата е да изградат систем кој обезбедува континуиран развој на високото образование и науката. Веќе функционира Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност, каде заеднички поставуваме прашања, дебатираме и нудиме одговори, се со цел унапредување на високото образование и интензивирање на  научно-истражувачката дејност. Сите напори треба да резултираат со подобро и поатрактивно високо образование, како за домашните, така и за странските студенти“, рече министерот.

Со широка консултација на универзитетите, високообразовните установи, студентите, Интеруниверзитетската конференција, МАНУ и деловна заедница се трасира Националната програма за високо образование и се утврдува новиот начин за финансирање на високото образование.

„Во делот на студентскиот стандард, со новиот конкурс за стипендии ќе ги пресретнеме потребите на многу повеќе млади и освен досегашните 10тина категории стипендии за прв циклус студии, воведуваме уште неколку нови категории, за професии за кои има општествена потреба. Од минатата година значително се зголемени износите на стипендиите. Можност да конкурираат за стипендии и оваа година ќе имаат и студентите на втор и на трет циклус студии“, посочи министерот Шаќири.

За перспективна иднина на државата важен е човечкиот капитал и затоа, како што укажа министерот, се поттикнува академското образование а од Архитектонскиот факултет се очекува да продолжи со успешната подготовка на архитекти способни за критичко, независно и креативно решавање на сложени архитектонски, урбанистички и предизвици поврзани со просторно планирање.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте

МЗ: Европската недела на имунизација – Се зголемува опфатот на вакцинираните...

0
Викендов во Градски парк, под мотото „Заштитуваме генерации“ ја одбележавме Европската недела на имунизација, заедно со омилените детски ликови „Биби и Боби“ и дечиња...