spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јубилејно Балканско првенство во спортско качување - „Атомска мравка“

Карпош: Јубилејно Балканско првенство во спортско качување – „Атомска мравка“

Во организација на Македонската спортско – качувачка федерација во соработка со Општина Карпош, денеска на вештачката карпа во Карпош 4 се одржа десеттото Балканското и Државно првенство во спортско качување „Атомска мравка“ за млади под 14 години.

Во рамки на овој традиционален настан кој се реализираше по двегодишна пауза поради ковид пандемијата, учествуваа околу 200 качувачи од земјава и регионов. Притоа, младите спортски ентузијасти се натпреваруваа во четири возрасни категории, од кои во првата учествуваа дечињата до седум години, во втората од осум до девет години, третата категорија ја сочинуваа спортисти од 10 до 11 годишна возраст, а во последната категорија се натпреваруваа качувачи на возраст од 12 и 13 години.

Инаку, станува збор за олимписки спорт кој е во подем  во нашата земја за што говори  и големиот број на учесници од нашата држава, кои покажаа одлична физичка и психичка подготвеност при искачување на карпата.

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...