spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Реконструкција на тоалетите во „Аврам Писевски“

Карпош: Реконструкција на тоалетите во „Аврам Писевски“

Согласно планираните задачи на Одделението за комунална инфраструктура при Општина Карпош, деновиве се одвиваа низа активности за реконструкција на тоалетите кои се наоѓаат во рамки на училишната спортска сала на „Аврам Писевски“ во населбата Бардовци.

 

По тој повод, градоначалникот Стевчо Јакимовски ја посети оваа образовна установа, при што направи увид во  занаетчиските работи и ја констатираше фактичката состојбата во која се наоѓа училишниот објект.

  • Ова училиште е целосно реконструирано во 2012 година, но штотуку забележав дека во една училница има истекување на вода што претставува проблем кој ќе го решиме итно во наредните денови. Исто така утврдив дека на едно место протекува покривот, кој во најбрз рок ќе биде саниран. Притоа, констатирав дека и спортската сала има нефункционални плексиглас – прозорци кои ќе бидат променети, треба да се интервенира и на делови од оштетениот под во ходниците, по што ќе дадам директни насоки за наредната година, ова училиште да биде опфатено со еден вид на темелна реконструкција. Ние го правиме сето ова со цел, нашите основци да имаат одлични услови за работа кои ќе резултираат со нивен конфорен престој – прецизираше Јакимовски.

 

Инаку, надворешните занаетчиски работи поврзани со реконструкција на санитарните јазли, вклучувајќи го одводот од тоалетите, ги реализираше фирмата „Енергомонтажа“, тоалетите ги постави фирмата „Дон Холдинг“, додека пак новите прозорци и санитарии (плочки), ги монтираше фирмата „Сандра Инженеринг“.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Демири и Манолева – Здравствениот дом Охрид со реновирана Служба...

0
Министерот за здравство д-р Илир Демири и заменик министерката д-р Маја Манолева, денеска се во работна посета на Охрид, каде што ги посетуваат Здравствениот...