spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаМЗШВ: Преку новиот модел за субвенционирање го поттикнуваме зголемениот принос на стратешки...

МЗШВ: Преку новиот модел за субвенционирање го поттикнуваме зголемениот принос на стратешки култури, а домашното производство го насочуваме кон домашните капацитети

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски беше гостин во емисијата Клик плус на Телевизија 21 каде го презентираше новиот предлог модел за субвенционирање во земјоделството.

Презедовме голем и храбар чекор, после 15 години пристапуваме кон системска измена на досегашниот модел за субвенционирање. Владата на денешната тематска седница го разгледа и го прифати првиот предлог за нивот модел на субвенцнионирањето во земјоделството, на овој начин го заокружуваме привот дел од процесот, потенцираше министерот Николовски.

Подготовката на новиот модел беше отворена и транспарентна, со вклученост на земјоделците во целиот процес. Моделот најпрво беше презентиран пред Агро Советот, а потоа и пред 12-те подсекторски групи.

Со оваа реорганизација даваме приоритет на стратешки важните култури и производи за државата, каде финасиската поддршка ја зголемуваме. Утврдуваме систем со кои го забрзуваме процесот за исплата на субвенциите и систем на контрола преку кои се спречува можноста за злоупотреби на субвенционирањето, потенцираше министерот Николовски.

Стариот систем за субвенционирање каде земјоделците добиваа субвенции без да прикажат доказ дека оствариле производство го заменуваме со нов dеcoupling систем каде земјоделците ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено производство.

Со новиот модел за субвенционирање сите земјоделци би добивале основна субвенција која би се исплаќала авасно, а ќе биде наменета за одржување на земјиштето во обработлива состојба. Основната субвенција би ја добивал секој земјоделец кој обработува земјоделска површина, посее едногодишна култура или одржува траен насад, поднесе брарање и воедно ги исполнува пропишаните минимум критериуми без услов за предадено производство. Можност за авансна испалта на дел од основните субвенции се предвидува и кај стоачрството, потенцираше министерот Николовски.

Дополнителната субвенција следува за стратешки утврдените култури и производи и е врзана со остварен принос, но и со предавање на своето производство во регистрирани домашни капацитети или ако своето производство го искоритат за сопствено производство на финален производ регистрирани за продажба од праг.

Досегашната поддршка кон земјоделците не се крати и истата се прераспределува во повеќе програми со цел поголема ефикасност и навремена исплата.    

Преку новиот модел обезбедуваме и поголема поддршка за вистинскиот земјоделец чија основна дејност е токму земјоделието. Новата мерка за бизнис план во земјоделството која ја предвидуваме во Програмата за рурален развој им дава можност на земјоделците преку јавен повик отворен во текот на целата година сами да одберат каква инвестицја ќе реализираат, подготвувајќи бизнис план и тогаш кога ќе се подготвени да аплицираат и да добијат средства за развој и модернизација на сопственото производство, потенцираше министерот Николовски.

 

 

 

 

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...