spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБерово: Со Пехчево и Делчево изработуваање на нова стратегија за родова еднаквост

Берово: Со Пехчево и Делчево изработуваање на нова стратегија за родова еднаквост

Преку проектот „Стој цврсто за родова еднаквост“ во организација на НОВ КХАМ, а финансиски поддржан од The Kvinna till Kvinna Foundation, комисиите за еднакви можности на општините Берово, Пехчево и Делчево,  започнаа со подготовителни активности за изработка  на новата стратегија за родова еднаквост.

Стратијата ќе биде  документ,  кој треба да помогне во јакнење на капацитетите за родова еднаквост во трите општини и унапредување на состојбата со родовата еднаквост, помеѓу  жените и мажите.

Целта на дводневната обука, која што се одржа изминатиот викенд, во Струмица е зајакнување на капацитетите на членовите на Комисијата за еднакви можности, како и на координаторите и заменик координаторите,  како фактор за сензибилизирање на граѓаните за родовата еднаквост, како чинител на локалниот економски и општествен развој.

Првата обука, ја водеше,  доц.д-р Весна Поповска, универзитетска професорка, која што на доста интерактивен начин, со практични примери, го пренесуваше своето знаење, од областа на родовата перспектива, па имавме можност,  да научиме повеќе начини на интеграцијата на родовата перспектива, родово одговорно буџетирање, како и креирање родовосензитивни политики на локално ниво.

Инаку, Општините Делчево, Берово и Пехчево, со поддршка на НВО КХАМ и The Kvinna till Kvinna Foundation, ја изработија и првата Стратегија за родова еднаквост и акциските планови, документи кои ја дадоа насоката на работа на КЕМ, во сферата на родовиот концепт и прашањата за родовата еднаквост во 4 сфери:

1.Човековите права и родовата еднаквост во областите политика, родово базирано насилство, економија,

2.Партиципација во креирање и имплементација на локални и јавни политики,

3.Едукација на населението за родовата еднаквост и еднаквите можности на мажите и жените, и

4. Институционален развој и организациско јакнење на комисиите за еднакви можности во регионот.

 

 

 

 

Извор: Општина Берово 

Прочитајте