spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЧаир: Средношколците од Чаир се сретнаа со градоначалникот на Тирана, г-дин Ерион...

Чаир: Средношколците од Чаир се сретнаа со градоначалникот на Тирана, г-дин Ерион ВелиајGjimnazistët e Çairit takuan kryetarin e Bashkisë së Tiranës, z. Erion Veliaj

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска беше пречекан од градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
На овој многу топол прием заедно со градоначалникот Ганиу беа и 5-те средношколци од Чаир Кренар Ахмети, Дијар Селами, Анди Ганиу, Ендрит Шаќири, Јасир Идризи, кои ја креираа најдобрата апликација за вселенскиот центар НАСА, како и дел од општинскиот персонал.
Оваа средба претставува многу важна страница на соработка помеѓу главниот град на Албанија и општината Чаир.
Двајцата градоначалници Ганиу и Велиај главно се фокусираа на развој на низа заеднички активности и проекти кои ќе ги задржат граѓаните на двете земји уште поблиску еден до друг, но и директно ќе влијаат на што е можно подобро развивање на нивниот живот.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, му се заблагодари на својот албански колега за ваквиот пречек, рече дека со здружување на силите меѓу Тирана и Чаир, напредокот на секое поле е повеќе од загарантиран.
„Ми беше огромно задоволство што наидов на топло добредојде од мојот пријател Велиај, ветивме дека ќе работиме заедно и ќе соработуваме почнувајќи од областа на културата, локалниот економски развој, размената на искуства на нашите кадри. Ќе се поврзуваме и соработуваме поинтензивно од кога било досега“, рече Ганиу.
Велиај, пак, потсетувајќи дека оваа година Тирана е европска младинска престолнина, денешната средба е уште покомплетна со присуството на 5 млади лица кои направија толку важно откритие за сите.
„Ова е многу големо, несекојдневно достигнување кое треба да послужи како пример за младите и предизвик дека сè повеќе треба да инвестираме во младите. А од друга страна, општина Чаир, која всушност е Старо Скопје, ќе можеме да ја земеме како пример за многу процеси, конкретно во областа на културниот развој и зачувувањето на националното наследство“, рече Велиај.
Двајцата колеги ветија дека ќе ја зголемат зачестеноста на ваквите средби, а со тоа и ќе ја продлабочат меѓусебната соработка.

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...