Во ОУ „Единство“ во Гостивар беше промовирана новозавршената посебна паралелка за ученици со посебни потреби.
Во оваа паралелка седум редовни ученици од ова училиште посетуваат настава кај специјалисти од областа во индивидуални часови од 45 минути.
На промоцијата учествуваше и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
„Како општина Гостивар се обврзавме дека ќе се грижиме за секој ученик и тоа го докажуваме на дело со создавање можности за инклузивно учење во секое училиште дури и во услови на криза“, рече градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
Лицата со посебни потреби остануваат приоритет на општина Гостивар.
Извор: Општина Гостивар