spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeUncategorizedМТСП: На креативен начин, децата низ своите творби учат и ги пренесуваат...

МТСП: На креативен начин, децата низ своите творби учат и ги пренесуваат пораките за важноста на креирањето на безбедни места за работа

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска присуствуваше на промоцијата на четвртата збирка песни и раскази „БЗР од мали нозе 2022“ која се одржа во знак на Европската недела за безбедност и здравје при работа. Промоцијата беше организирана од страна на Здружението за заштита при работа на Општина Битола, Здружението за безбедност при работа „28-ми април“,  Скопје, Здружение на инженери за заштита „Тутела“, Скопје.

„Свесноста за значењето на здравјето и безбедноста при работа се гради од најмала возраст, затоа што денешните деца, утре ќе бидат активни учесници на пазарот на труд, дали како вработени, како работодавачи или креатори на политики“ рече Тренчевска.

 

Таа истакна дека во новиот закон за безбедност и здравје при работа, кој е во подготовка се воведува обврска за едукација на младите преку наставни содржини за безбедност и здравје при работа во постојните предмети на соодветната возраст.

На промоцијата беа доделени и награди на авторите на наградените творби и нивните ментори кои ги врачи Министерката за труд и социјална политика. Исто така беа доделени и пофалници на авторите на творбите, менторите и членовите на комисијата која ги евалуираше творбите.

Министерката им честита за четвртото издание на збирка творби и им порача на децата да бидат гласни и да продолжат да творат, таа истакна дека влогот е секогаш поголем доколку вложуваме сите.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

МТ: Николовски – Нема да дозволиме ПОШТА да колабира поради приватни...

0
Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта, истакна вицепремиерот Николоски во поткастот...