HomeОпштиниДебар: Амбасадата на Јапонија во РCM неколку пати донирала во различни форми...

Дебар: Амбасадата на Јапонија во РCM неколку пати донирала во различни форми за потребите на институциите

spot_img
spot_img

Амбасадата на Јапонија во РCM неколку пати донирала во различни форми за потребите на институциите во општина Дебар.

Последната донација, од програмата GGP на јапонската амбасада е дигитален печатач вреден близу 35.000 евра, кој е монтиран и ги опслужува потребите на кабинетот за радиологија во Општа болница Дебар.

 

Неговата екселенција г.  Хиронори Савада, амбасадор на Јапонија во РСМ,  беше во посета на нашата општина и беше примен во кабинетот на градоначалникот со голема почит, каде на оваа средба присуствуваше и директорката на општата болница г-ѓа Севдие Коџа.

Целта на посетата беше да се промовира оваа донација и да се продолжи со понатамошната соработка со нашата општина.

На оваа средба, од наша страна беше искажана посебна благодарност до амбасадата на Јапонија – јапонскиот народ, за помошта што им ја нуди на граѓаните на нашата општина, бидејќи опремата за која станува збор има големо влијание врз олеснување на процесот на дијагностицирање на болестите воопшто, а посебно со болеста Ковид 19.

Јапонскиот амбасадор г.  Савада, покажа подготвеност за соработка и вети дека во иднина ќе има и други донации за потребите на граѓаните на Дебар исто така, амбасадорот беше презадоволен и се заблагодари за гостопримството и си замина со надеж дека повторно ќе се сретнеме во промоција на уште една следна донација.

 

 

 

 

Извор: Општина Дебар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија