Ѓорче Петров: Покачена платата на администрацијата во ОЃП за 3.000 денари

ОпштиниЃорче Петров: Покачена платата на администрацијата во ОЃП за 3.000 денари

Најчитано

Со цел да се „слушне гласот“ на вработените во однос на нивните права, првпат во општина Ѓорче Петров е формирана синдикална организација во рамки на Синдикатот за Администрација и Државна Управа на Македонија и првпат е потпишан колективен договор на ниво на работодавец.

Со потпишување на овој колективен договор, покрај останатите права кои им се гарантираат на вработените, предвидено е и зголемување на платите, почнувајќи од платата за месец ноември за 3.000 денари.

Со овие мерки правиме напори за подобрување на условите за работа на администрацијата. Во време на економска криза, високи сметки за електрична енергија и покачени цени во маркетите, ова е еден вид стимул за вработените.

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе