spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Преку обуки до подобри услови во градинките

Карпош: Преку обуки до подобри услови во градинките

Агенција за храна и ветеринарство деновиве реализираше обука  насловена „Едукација на пероналот во кујните во градинките“, која се спроведе како дел од процесот на имплементација на предусловните програми за добра производна и добра хигиенска пракса на НАССР системот. Со обуките  беа опфатени сите  јавни установи општински детски градинки на територијата на општина Карпош, како дел од планираните 10 општини во градот Скопје.

Едукативните предавања ги одржаа предавачите од Агенцијата за храна и ветеринарство, поточно  државната советничка за храна Светлана Колариќ, како и советничката – државен инспектор за храна, Тања Ололовска Ристевска.

На обуката присуствуваа  вработените лица кои учествуваат во подготовка на тендери  за храна, средства за хигиена, материјали во контакт со храна,  одговорни лица за проверка на  приемот на храната, лицата вработени во главните и чајните кујни, медицинскиот персонал, дистрибутери на храна, одговорни лица во градинките, директорите, како и претставничките од Секторот за дејности од јавен интерес од Општина Карпош.

Сите овие активности се со цел, унапредување и подобрување на процесот на подготовка  на храната  за најмладите кои престојуваат во детските градинки во Карпош.

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...