spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Одржана спортската манифестација „Фудбал за сите“

Штип: Одржана спортската манифестација „Фудбал за сите“

Викендов на 26 ноември во спортската сала на СОУ „Коле Нехтенин“ се одржа забавно рекреативна спортска  манифестација под наслов „Фудбал за сите“ , во организација на Општина Штип и НВО ТАКТ, Фудбалска академија – Фудбал за сите од Скопје, а со помош и поддршка на бизнис секторот и наставниците по физичо образование од петте основни општински  училишта. Манифестацијата имаше за цел да го промовира фудбалот како алатка за покренување на свеста за важност на физичката активност и социјалната  кохезија кај учениците.

Настанот се базираше  на мали спортски игри кои содржат елементи на фудбал и спорт за психофизички развој.

„Фудбал за сите“ е инклузивна програма, што значи дека секој можеше  да учествува без разлика на фудбалскиот/спортскиот талент, родот, етничката припадност или социјален, религиозен или политичкиот  статус. Согласно програмата, учество зедоа момчиња и девојчиња од 8 и 9 одделение од централните и подрачните училишта од општина Штип.

На сите учесници на манифестацијата им беа доделени  благодарници за учеството од страна на градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов.

 

 

 

Извор: Општина Штип

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта, а дел од активностите опфаќа и делувањето на координаторите...