spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Кампањата – 16 дена активизам за борба против родово базирано насилство

Штип: Кампањата – 16 дена активизам за борба против родово базирано насилство

Со вчерашниот  марш и присуството на голем број на граѓани од невладиниот сектор, советниците од советот на општина Штип, градоначалникот Иван Јорданов , вработени во администрацијата, ученици од средните училишта, претставници на медиумите  Штип  како град  активно се вклучи во  Меѓународната кампањата – 16 дена активизам за борба против родово базирано насилство. Годинава кампањата носи едноставен наслов „ обединeти“ Тоа е пораката која светот ја користи  во борба против насилството врз жените и девојчињата.

Јавната безбедност е главна грижа на Секторот за внатрешни работи, но да се запрашаме дали секој е безбеден зад ѕидовите на неговиот дом? Дали ќе промолчиме ако забележиме дека нешто се случува зад затворените врати кај нашите соседи?!! Тоа е она за што треба јавно да проговориме. Никој нема право да уништува живот на друг човек. Секое човечко суштество е посебно и никој не го поседува за да може да го измачува и врз него да го искажува својот бес и фрустрации.

Насилството го уништува семејството но, насилството е деструктивно и за секое општество. Третирањето на последиците бара ангажман на повеќе институции. Бара употреба на ресурси и време. Секое третирање на случај на насилство ги ангажира социјалните служби, Здравствените институции, полицијата, судството, невладиниот сектор, а не ретко и општината како место  каде беспомошните  жртви  се обраќаат за помош и поддршка.

 

Општината согласно законската регулатива ги превзема сите чекори кои се во нејзина надлежност. Свесни дека насилството е комплексен проблем кој треба да се решава со постојана координација на институциите, даваме максимална поддршка на веќе постоечкиот систем кој функционира во насока на спречување, превенирање, заштита и помош на жртвите на родово базираното насилство.

Во општината постои специјализиран центар за давање на услуги на жените – жртви на родово-базираното насилство. Тоа е Едукативно  хуманитарната организација – ЕХО, која Како специјализрана оргазнизација постои веќе 20 години и обезбедува услуги за жени и девојчиња изложени на насилство, вклучително и семејното насилство. Оваа организација  формираше Мултисекторски тим на заедницата за заштита  за жени и девојки изложени нанасилство. Тој тим е составен од претставници на: полиција, Центар за социјални работи, Основно јавно обвинителство, суд, Здравствените институции и ОпштинаШтип.

Долгогодишната работа на тимот на ЕХО направи граѓаните да ја препознаваат оваа организција како специјализирана за давање на услуги на жртвите на насилство и  да и  се обраќаат за помош.

Затоа и податоците кои ги добиваме од нив се релевантен показател за состојбите во нашата општина.

Од почетокот на 2022 година досега, ЕХО има евидентирано 120 случаи на насилство врз жени и семејно насилство од ОпштинаШтип и Источниот регион. Ова е бројка која нė загрижува сите нас.  Тоа нė мобилизира сите да застанеме решително против насилството.

Општината поддржана од Светот на Општина Штип, во последните две години, дава финансиска поддршка на овој специализиран сервис на граѓаните и овозможува поефикасно функционирање на истиот. Ова е и наша обврска согласно законската регулатива, а и согласно ратификуваната Истанбулска конвенција за борба против родово – базирано насилство.

 

 

 

 

Извор: Општина Штип

Прочитајте