spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Јавен повик за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Град Скопје: Јавен повик за субвенции за велосипеди и електрични тротинети

Градот Скопје најавува дека од 09.12.2022 година (Петок) активен ќе биде со објава на веб страната на градот, Јавен повик за доделување на субвенции за велосипеди и електрични тротинети за граѓани од социјално ранливи категории, невработени лица, вработени лица чии месечни примања не го надминуваат износот на минимална плата и пензионери со минимална пензија.
Субвенционирањето на велосипеди и електрични тротинети, како алтернативни превозни средства во градот, е практика веќе неколку години наназад, но сега за прв пат акцентот е ставен на социјално ранливи категории на граѓани со 100% субвенција.
Граѓаните ќе можат да достават фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 01.01.2022 година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 100% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 11.000 денари по лице, а  за електричниот тротинет,  не повеќе од 15.000 денари по лице, со вклучен  данок на личен доход.
Повикот ќе биде отворен до 14.12.2022 година.
Градот Скопје континуирано остварува социјална заштита и социјални услуги и сервиси за ранливи категории на граѓани, поттикнува развој на лични и општествени вредности и работи на унапредување на здравствената заштита.

Прочитајте