HomeВладаБилатерален скрининг од областа Функционирање на Демократски Институции

Билатерален скрининг од областа Функционирање на Демократски Институции

spot_img
spot_img

Со областа Функционирање на демократски институции, го завршуваме билатералниот скрининг за кластерот Фундаментални вредности.

Оваа област е исто така за прв пат претставена со новата ревидирана методологија за преговори.

Како клучен дел од копенхашките критериуми, оваа област е многу важна за динамиката на првиот кластер, но и за преговорите во целина.

Функционирањето на демократските институции е клучно за секое демократско општество бидејќи претставува суштинска вредност врз која се заснова и функционира ЕУ, како што е предвидено и со Договорот од Лисабон.

Веќе подолго време нашата земја е посветена на реформите на полето на функционирање на демократски институции, владеење на правото и заштита на човековите права и слободи.

Презентациите на нашата делегација за оваа област се за:

  • Општата демократска рамка на државата
  • Изборниот процес, улогата на медиумите во изборите и финансирањето на политичките партии и изборните кампањи
  • Улогата и функционирањето на Собранието на Република Северна Македонија
  • Улогата на граѓанското општество во градењето на демократско општество

Посветени сме за зајакнување на демократското функционирање на земјата преку градење силни институции, како и преку промовирање на принципот на одговорност, транспарентност и инклузивност.

На завчерашниот билатрален скрининг не посети и Претседателот Пендаровски кој ја поздрави и охрабри нашата делегација.

 

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија