spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Над 400 семејства добиваат субвенција за огревно дрво

Кисела Вода: Над 400 семејства добиваат субвенција за огревно дрво

434 граѓани кои ја доставија потребната документација од Општина Кисела Вода ќе добијат субвенција за набавеното огревно дрво. Општинската комисија ги разгледа поднесените барања на лицата кои се пријавија на објавениот повик на локалната самоуправа и го изготви списокот на одобрените апликации, за кои исплатата ќе се изврши до крајот на годинава.

 

Се работи за финансиски надомест во износ од 500 денари за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³).

Вкупно беа отворени 447, одобрени 434, додека 13 барања беа одбиени поради некомплетна документација. Останатите пристигнати барања не беа отворени заради запазување  на критериумот наведен во јавниот повик, дека селекцијата ќе се прави по принципот прв дојден – прв услужен, се до исцрпување на предвидените средства во висина од 1.200 000,00 денари.

Одобрени се барањата со реден архивски број од 08-9550/002 до 08-9550/447, со исклучок на 08-9550/22, 08-9550/26, 08-9550/84, 08-9550/108, 08-9550/201, 08-9550/252, 08-9550/261, 08-9550/272, 08-9550/312, 08-9550/322, 08-9550/359, 08-9550/432 и 08-9550/436, кои се одбиени поради некомплетна документација.

Покрај субвенциите за огревно дрво, Општина Кисела Вода веќе обезбеди донација за субвенционирање на сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, како и субвенција за купување печки на пелети, со цел во услови на претерано зголемени цени на енергенсите, граѓаните полесно да го поминат зимскиот период. Воедно, оваа локална самоуправа го започна и проектот “Грижа и сигурност за секое дете”, кој содржи социјални мерки за финасиска поддршка на социјално загрозените и еднородителските семејства, а мерките за помош на населението, Општина Кисела Вода ќе ги продолжи и во наредниот период.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

Прочитајте

Кисела Вода: Домаќин на престижниот предизвик на FIRST LEGO League

0
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вчера го отвори интернационалниот настан FIRST LEGO League Challenge, еден од најпрестижните STEM натпревари во светот, поддржан од УНЕСКО, кој престојува...