HomeОпштиниКисела Вода: Се чисти коритото на Мала Рада

Кисела Вода: Се чисти коритото на Мала Рада

spot_img
spot_img

Се чисти коритото на реката Мала Рада во селото Драчево, во должина од околу половина километар. Во изминатиот период фирмата ангажирана од Општина Кисела Вода интензивно работи со механизација на овој потег, кој беше запоставен години наназад.

 

Огромни количини на нарасната вегетација и тиња, но и шут, кабаст и комунален отпад оставен од несовесни граѓани завршија на депонијата во Дрисла. Грижата за животната средина и понатаму останува да биде во фокусот на Општина Кисела Вода, што резултира со бројни вакви и слични акции за чистење и расчистување.

Сепак, како локална самоуправа сакаме повторно  да апелираме до граѓаните кои треба да покажат свест и совест и да ја сочуваат средината во која живеат. Покрај превенирањето на загадувањето во еколошка смисла, потребно е да се разбере и дека отпадот кој завршува во коритото на Мала Рада, може да влијае врз намалување на пропусната моќ на оваа река, што пак може да доведе до нејзино излевање во случај на обилни врнежи.

https://fb.watch/hpvkHz9kw_/

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија -2026 година РЕЗУЛТАТИ

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ 2026 година - Предвремени Парламентарни избори во Србија Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија