HomeОпштиниЃорче Петров: Дечињата од градинката „Детелинка“ го китеа кабинетот на Стојкоски

Ѓорче Петров: Дечињата од градинката „Детелинка“ го китеа кабинетот на Стојкоски

spot_img
spot_img

Почна новогодишната магија! Најубави се овие предновогодишни денови поминати со најмладите кои имаат најискрени желби. Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски заедно со дечињата од градинката „Детелинка“ денеска ја украсуваа елката во неговиот кабинет.

Од кабинетот се слушна најубавата музика од детските грла. Најмладите рецитираа песнички за Нова година, Дедо мраз, Снешко, новогодишни елки…  Со Стојкоски си разменија желби за добро здравје и Среќна нова година.  -Им посакав да бидат и натаму здрави, умни и весели! – додаде Стојкоски.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Прочитајте

РИК: Предвремени Парламентарни избори во Србија – 2026 година

0
Прочитајте и погледнете: 👀👇 Предвремени Парламентарни избори во Србија - 2026 година Извор: Републичка Изборна Комисија на Република Србија