spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Договор за отворање Регионален центар за канцер за деца во...

Ѓорче Петров: Договор за отворање Регионален центар за канцер за деца во с.Кучково

Договорот за реализација на Регионалниот центар во с.Кучково наменет за деца кои се лекувани од канцер денеска е потпишан помеѓу Министерството за локална самоуправа и Скопски Плански Регион.

Проектот “Приказната продолжува за деца кои победиле канцер” влегува во фаза на реализација, а истиот е поддржан од Швајцарската Агенција за Развој при Амбасадата на Швајцарија во Македонија, Министерството за локална самоуправа и општина Ѓорче Петров.

Регионалниот центар ќе претставува место каде на децата со прележан канцер, организирано и на едно место ќе им се понуди грижа, професионална поддршка и едукација.

Целта е да им се помогне не само на емоционално, психичко и физичко ниво, туку да се вратат во образовниот процес и во новиот живот по канцер.

Преку реконструкција и адаптација на стариот објект на ОУ во с.Кучково во регионален центар ќе се воведе комплетно нова регионална родово-сензитивна социјална услуга за деца во социјален ризик. На површина од над 650 м2, Центарот ќе инкорпорира комплетно опремени соби за престој на 20 деца со 20 родители. Центарот ќе биде комплетно опремен со кујна со трпезарија, комплетно опремени училници за одвивање на дигитално он-лајн образование, комплетно опремени бањи и тоалети, комплетно опремена мирна соба, детско игровно катче, соба за лесни физикални вежби, соба за психо-социјални работилници, просторија за систем за ладење и греење, ТВ соба и административен дел.

Децата заедно со родителите ќе бидат вклучени во 10 дневна бесплатна програма за ресоцијализација. Вратите на овој објект ќе бидат отворени за сите дечиња од училишна возраст кои го завршиле своето болничко лекување на ЈЗУ Детска клиника-Скопје и се во ремисија и сите деца кои ќе го завршат своето лекување на клиниката, а може да доаѓаат и од соседните држави.

 

Вкупен буџет за проектот кој е добиен преку Центарот за развој на Скопски плански регион и преку истиот ќе се спроведува е 23.574.076 МКД, а општина Ѓорче Петров учествува со 4.758.076 МКД.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...