spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Делегација од општината во официјална посета на општина Стара Пазова,...

Гази Баба: Делегација од општината во официјална посета на општина Стара Пазова, Република Србија

Градоначалникот Бобан Стефковски и делегација од општината беа во официјална посета на општина Стара Пазова, Република Србија. Заедно на оваа посета беа и претседателот на Сојузот на Стопански комори на Македонија Трајан Ангелески, претседателот на Здружението на граѓани Мир, слога, стабилност Димитрије Недич, како и вработени во општинската администрација.

При посетата беше потпишан и меморандум за соработка а се разменија искуства за развојните потенцијали и можности за идна соработка на неколку полиња од областа на културата, образованието, спортот и ЕУ фондовите.

Градоначалникот на Стара Пазова, Ѓорѓе Радиновиќ ја запозна делегацијата од општина Гази Баба со индустриските капацитети кои функционираат на територија на општината, куќата на фудбалот, компанијата Стамевски чии сопственици се по потекло од Македонија, германската компанија за авионски делови MTU, како и компанијата Транфери која се занимава со транспорт и логистика.

Стефковски се заблагодари за гостопримството и покани делегација од општина Стара Пазова што поскоро да ја посети општина Гази Баба.

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...