Центар: Силно сме фокусирани на социјалните проекти затоа што секој граѓанин ни е подеднакво важен

ОпштиниЦентар: Силно сме фокусирани на социјалните проекти затоа што секој граѓанин ни...

Најчитано

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски зема учество на симпозиумот „Реформи за промена“ воедно и завршен настан на проектот „Поддршка на модернизацијата и деинституционализацијата на социјалните услуги“ финансиран од Европската Унија.

 

Герасимовски во своето обраќање зборуваше за социјалните проекти кои ги спроведува општината и преку кои на граѓаните добиваат добри услови за живот, без разлика на нивната вера, националност и социјален статус.

„Ние во Центар сме особено горди на проектот „Нега на стари лица во домашни услови“. Општина Центар е првата општина која излезе со вистински чекор и конкретна активност за нашите највозрасни сограѓани. Преку соработка со граѓанската организација „Хуманост“, лиценцирани негуватели на највозрасните жители на општината им даваат нега 3 пати во неделата по 2 часа при извршување на нивните секојденвни домашни обврски. Многу наскоро ќе започне со работа и „Сервисот за одмена на семејна грижа“, кој ќе биде плод на уште една соработка со нашите партнери од УНДП. Корисниците на овој сервис ќе добиваат 24 часовна грижа најмногу 15 дена во годината. Карактеристично за сервисот ќе биде и тоа што негувателите кои ќе бидат вклучени во проектот ќе имаат обуки и за лица со Алцхајмерова болест и деменција“, изјави Герасимовски.

 

Притоа тој зборуваше и за континуираното спроведување на проектот „Образование за сите“, со кој 15 лични асистенти им помагаат на 17 ученици со посебни образовни потреби во текот на целата учебна година како и за химанитарните пакети кои општината ги додекува секој месец.

 

„За прв пат, од ова лето и за време на летниот распуст осум стручни лични асистенти водеа грижа за 14 дечиња со попреченост во развојот. Во текот на летото, нивна задача беше да им помагаат на децата и нивните родители во дневното извршување на обврските и да се грижат за нормално одвивање на секојдневието на децата. Личните асистенти ги посетуваа домовите на учениците три пати во неделата. Општина Центар години наназад соработува и со „Банка за храна“ преку која секој месец на социјално загрозените лица, децата од малите групни домови и згрижувачките семејства им доделуваме пакети со прехранбени и хигиенски производи, за тие полесно да го поминат месецот“, изјави Герасимовски.

 

Општина Центар со горенаведените проекти и дополнителните активности секојдневно изнаоѓа начини како да стигне до сите засегнати страни за граѓаните да ја добијат вистинската услуга. При процесот на испорачување на услугата Општина Центар ги користи сите алатки и методи кои ги има на располагање, од електронски пораки, медиумски известувања па сѐ до директни средби и заеднички активности со граѓаните.

 

Во процесот на давање на социјални услуги, Општина Центар исто така води сметка да ги вклучи сите граѓани и организации кои навистина сакаат да помогнат.

 

За Општина Центар и партнерите секој граѓанин е подеднакво важен затоа наредната година општината предвиде дополнителни активности во насока на задоволување на потребите на оние граѓани на кои сме им најпотребни, односно на нашите сограѓани од социјално загрозените категории.

 

 

Извор: Општина Центар 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе