spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Во Агенцијата за млади и спорт беше примен Виктор Давидовски автомобилистички...

АМС: Во Агенцијата за млади и спорт беше примен Виктор Давидовски автомобилистички тркач

Во Агенцијата за млади и спорт наш гостин е Виктор Давидовски за кого 2022 е најуспешна сезона, иако вози од 1998 на различни локални, регионални автомобилистички натпревари и има освоено многу награди во авто трки.
Учеството на TCR натпреварите беше една огромна желба која се оствари со мојот прв настап во 2018 година, и можам да кажам дека ми се оствари сонот посебно со победата на трката во Паул Рикар, Франција во рамките на TCR Europe шампионатот и второто место во Једа, Саудиска Арабија во рамките на WTCR шампионатот.
Би сакал да се заблагодарам на Агенцијата за млади и спорт и Автомобилистичката федерација на Македонија за безрезервната поддршка во оваа и минатите години истакна Давидовски. На Виктор му посакуваме уште многу успешни трки во иднина, Агенцијата за млади и спорт секогаш е тука за сите спортски успеси.

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...