spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМинистерот Алити: МИОА е во чекор со сите препораки за...

Министерот Алити: МИОА е во чекор со сите препораки за реогранизацијата на јавната администрација

Се одржа панел дискусија посветена на Кластер 3: ,,Конкурентност и инклузивен раст“, организирана од Секретаријатот за Европски Прашања.

На покана на заменик премиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити учествуваше на настанот посветен на Годишниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија 2022 година, каде на панелот разговараше за мобилноста, конкурентноста и понатамошниот развој на патот кон ЕУ.

 

,,Овој извештај претставува суштински документ во ориентацијата на политиките и преземањето конкретни активности од страна на државата, за исполнување на барањата и стандардите на ЕУ. Затоа заклучивме дека секоја препорака од овој извештај бара посебно внимание, како и сериозно вклучување и посветеност од сите институции”, посочи министерот Алити и продолжи:

,,Во однос на МИОА, истакнав дека сме во чекор со секоја препорака каде што, паралелно со реформите и реорганизацијата на јавната администрација, фокусирани сме на иновациите и дигиталната трансформација, кои носат позитивни промени во ефикасноста и професионалноста на администрацијата, обезбедувајќи едноставни и автоматизирани процедури кои пред се ја зголемуваат благосостојбата на граѓаните.

Сите овие промени се во согласност со европските принципи, така што остануваме целосно посветени на овие реформи кои ќе ја направат земјата дел од ЕУ”, рече министерот Алити.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...