spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити учествуваше на работилница за државните институции, организирана од „Мајкрософт“

МИОА: Министерот Алити учествуваше на работилница за државните институции, организирана од „Мајкрософт“

На покана на претставниците на ,,Мајкрософт“, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити учествуваше на работилницата организирана за државните институции во Северна Македонија, на која беа разгледани предизвиците, заканите и одговорот на институциите во однос на сајбер безбедноста, мобилноста и нивната инфраструктура.

,,Фактот што Владата, односно државните институции се задолжени за јавните податоци, тие остануваат секторот кој е најзагрозен и изложен на сајбер криминал, па затоа вклучувањето на јавниот и приватниот сектор преку вакви работилници, е од суштинско значење во создавањето можности и модели на облак за заштита и превенција од вакви напади“, истакна министерот Алити.

 

МИОА, покрај посветеноста за креирање на Националната Стратегија за сајбер безбедност, ја поддржува и се приклучува кон секоја иницијатива што и помага на земјата во оваа насока.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 

Прочитајте

Гевгелија: Акција за чистење на одводните канали во градот и населените...

0
Во тек е акцијата за чистење на одводните канали во градот и населените места. По изборот на економски оператор, се чистат одводните канали и...