МИОА: Силната сајбер безбедност и правна основа ја одржуваат сечија работа онлајн заштитена

МинистерстваМИОА: Силната сајбер безбедност и правна основа ја одржуваат сечија работа онлајн...

Најчитано

Министерството за информатичко општество и администрација, со поддршка на Американска агенција за меѓународен развој во Република Северна Македонија-USAID CIDR Програмата, и експерти од областа на сајбер безбедноста од PMCG вчера организираше еднодневна консултативна правна работилница за сајбер безбедност.

Целта на работилницата беше воспоставување на отворена комуникација за потребата од Закон за сајбер безбедност, специфики и импликации за различните сектори, како и одредување на соодветна правна рамка.

Министерот Алити потенцираше дека дел од тоа да се биде сајбер-паметен е разбирањето на законитоста на сајбер-безбедноста. Тој додаде дека свесноста за обврските и правните елементи на нашата програма за сајбер безбедност е суштинска компонента не само за исполнување на усогласеноста, туку и за намалување на дополнителниот ризик од трошоци, углед и губење на деловни можности. Силната сајбер-безбедност и правна основа ја одржуваат сечија работа онлајн заштитена и просперитетна, рече Алити.

Алити истотака, нагласи дека Министерството за информатичко општество и администрација и тој како министер секогаш се отворени, инклузивни и подготвени да соработуваат со невладините организации, приватниот сектор и јавните институции да ја споделат нивната експертиза, знаење, а воедно да дадат поддршката при собирањето на потребните акти при изготвување и донесување на Законот за сајбер безбедност.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе