spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Состанок на работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура

МИОА: Состанок на работната група за сајбер безбедност на критичната инфраструктура

На 15.12.2022 година  се одржа состанок на работната група за сајбер безбедност во критичната инфраструктура CICWG, проект поддржан од УСАИД, со цел координација на клучните чинители за дефинирање на критичната инфраструктура, проценка на ризици, планирање на ублажување како и развој и имплементација на механизмите за споделување информации.

На состанокот учествуваа и експертите за сајбер безбедност Gareth-Oliver Abell и Peter Smith, а свој придонес дадоа и Горан Јанкоски од Народна Банка на Република Северна Македонија и Љубиша Ристовски од Министерството за транспорт и врски, каде пред сите членови беа презентирани механизмите за заштита на системите во секторите.


МИОА како координатор на проектот континуирано работи заедно со другите институции со цел зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност.

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...