Центар: Преку заедничко планирање на проектите со граѓаните го унапредуваме животот

ОпштиниЦентар: Преку заедничко планирање на проектите со граѓаните го унапредуваме животот

Најчитано

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и општинската администрација  ја одржаа завршната сесија за буџетските форуми. Преку овие форуми општината овозможува партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови. Притоа градоначалникот Герасимовски зборуваше за капиталните проекти во општината планирани за следната 2023 година и воедно ги повика граѓаните да дадат предлози за населбата во која живеат со цел таа да стане поубаво место за сите жители.

„Ова е завршен настан кој нас во општината ќе ни помогне да ја затвориме финансиската рамка за буџетот за 2023 година кој треба да го затвориме наскоро. Сакам заеднички да ги креираме програмите и проектите на општината со што ќе придонесеме за поквалитетен живот за сите нас. Нас ни е важен вашиот придонес, да ни кажете дали планираните проекти за наредната година се во согласност со вашите барања и потреби или треба нешто да промениме и додадеме“, изјави Герасимовски пред присутните граѓани.

Во истата прилика пред граѓаните Герасимовски ги кажа и трите клучни проекти за наредната година како целосната реализација на градинката „Пролет“ чија изградба е во тек, изградба на монтажна гаража во Капиштец со капацитет за 260 возила и основање на општинско претпријатие за производство и продажба на струја.

На вчерашната дискусија граѓаните побараа обележување на велосипедска патека на ул. Народен фронт, предлог за побрзо донесување на ДУП-от за Буњаковец 1 и Буњаковец 2, нови проекти во образованието, стоп за насилството во училиштето, тркалезна маса за ученици и учители, летна школа за сите ученици како и натпревари на општинско ниво.

Општина Центар го креира буџетот и општинските проекти заедно со граѓаните затоа што тоа е правилниот начин за сите граѓаните да добијат проекти кои ќе им го подобрат животот во населбите во коишто живеат.

 

 

 

Извор: Општина Центар

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе