spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Четири бронзи од јуниорската олимпијада по природни науки

АМС: Четири бронзи од јуниорската олимпијада по природни науки

На 19 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2022), која се одржа од 2 до 12 декември 2022 година во Богота, Колумбија, на која Македонија со свои ученици учествува од 2017 год., тимот од Македонија освои 4 бронзени медали, и тоа:
• Искра Нечаковска, ученичка во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“- Битола,
• Теона Ана Георгиевска, ученичка во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје,
• Даниел Христов, ученик во прва година во СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип,
• Михаил Шапчески, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје.
На олимпијадата успешно се претставија и учениците
• Марко Серафимовски, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“- Скопје и
• Олег Трајковски, ученик во прва година во СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Битола.
Агенцијата за млади и спорт во континуитет ги поддржува активностите и настапите на нашите млади таленти, а во оваа прилика додели плакети за сите добитници на медали.

Прочитајте

УЈП: Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријавите, системот Е – Даноци...

0
Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека поради зголемен прилив на поднесувања на ДДВ-04 пријавите, некои даночни обврзници имаат потешкотии при поднесувањето на...