spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Подмладоците на политички партии со заеднички решенија за борба против...

АМС: Подмладоците на политички партии со заеднички решенија за борба против корупција

Со потпишување на Декларација за заложба за борба против корупција, подмладоците на 9 политички партии се обврзаа на заеднички чекори за борба против корупција.

Подмладоците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, БЕСА, Алтернатива, Левица, ГРОМ, ЛДП, и ПВМ и Коалиција на младински организации СЕГА потпишувајќи ја Декларацијата се обврзаа да преземат ефективни активности за борба против сите форми на корупција, поттикнување и промовирање на учество на младите во донесувањето на одлуки, и активизам за гласно артикулирање на проблемите со корупција.

„Граѓаните ја перципираат корупцијата како општествена норма. Загрижува што корупцијата е проблем број еден на граѓаните, вклучително и младите, и ги надмина егзистенцијалните проблеми како невработеност, високи цени и ниски примања. Оттука, неопходна е итна акција со вклученост на сите засегнати страни, особено со учество на младите, во борбата против корупција.“, Истакна Зоран Илиески, Извршен Директор на Коалиција СЕГА.

На завршната конференција од проектот „Млади против корупција“, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Билјана Ивановска порача дека младите треба да бидат двигател во борбата против корупцијата и, како што рече, „високо да го кренат гласот секогаш кога ќе наидат на некаква неправда или на нешто што се коси со законот или со нормите и вредностите на однесување“.

Декларацијата за заложба за борба против корупција се разви во рамките на проектот „Млади против корупција“, со вклученост на подмладоците на политичките партии, и беше потпишана на Националната Конференција на 30 ноември 2022 година, во организација на Коалиција на младински организации СЕГА.

Проектот „МЛАДИ ПРОТИВ КОРУПЦИЈА“ го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Агенција за млади и спорт и СИ Комуникации, со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој преку програмата „Југоисточна Европа – Заедно против корупција“ на Регионалната антикорупциска иницијатива во партнерство со Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал. Проектот има за цел да се зголемат капацитетите на младинските лидери за препознавање, спречување и борба против корупцијата и коруптивното однесување кон ефективно имплементирање на UNCAC

СИМНИ ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗАЛОЖБА ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...