spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Родова еднаквост во Спортот

АМС: Родова еднаквост во Спортот

Со поддршка на Заменик претседателката на Владата на РСМ задолжена за политики на добро владеење Славица Грковска, а по иницијатива на Биатлон федерацијата и Агенцијата за млади и спорт беше организирана Конференцијата  на тема „Застапеноста на жените во спортските организации/родова дискриминација во спортот. Конференцијата која се одржа во Гостивар, ја отвори заменик директорот на Агенцијата за млади и спорт Амир Билали.

Тој во својот воведен говор ги истакна потребите, но и позитивните ефекти на вклученоста на жените во сите сегменти на спортот.

-Во својата програма за работа посебно внимание обрнувам на вклучување на родовата перспектива во креирањето  на политиките и буџетите,   што   претставува   приоритетна   цел   во Стратешкиот   план   на   Агенцијата   за   млади   и   спорт   во 2023-2025 година.

Една од темелните вредности на Европската Унија, па   и   договорот   со   Унијата,   правно   не   обврзува   на почитување   на   правата   од   Европската   конвенција   на човековите права и слободи, истакна Билали.

Со свои анализи и статистички податоци од активностите и проектите на Агенцијата за млади и спорт насочени кон жената во спортот зборуваше долгогодишната советничка за спорт при АМС Татјана Блажевска.

Свои излагања имаа и Кочо Кираца, актуелен претседател на Биатлон федерација на Северна МакедонијаГоце Андриески од Карате Клуб Полог Гостивар Анета Филипоска од Иницијатива за граѓански интеграции – ГостиварФари Селмани  од HC Jehona Кире Анастасоски  од ЖКК Гостивар 2009 и  Бујар Ибраими како претставника на Училишен Спорт Гостивар.

Трибината овозможи  отворена дискусија на повеќе теми меѓу кои:

Застапеноста на Жените во спортските oрганизации

-Колкава е инволвираноста на жените во донесувањето на конечните одлуки?

-Дали се жените поддржани од колегите мажи при донесувањето одлуки?

-Како да се промовира Лидерство на Жените во Спортските организации?

-Родова дискриминација во спортот

-Како да се спречи родова дискриминација во спортот?

-Дали еднакво се распределуваат јавните пари при родово буџетирање во спортот?

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

АПЈ: Гранит Османи е нов вршител на должноста директор на Агенцијата

0
Гранит Османи е од Куманово. Основното училиште го заврши во родниот крај. Во потрага по средно образование и притисокот што го диктираше тогашното време...