spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Добитници на проектот ,, Млади Уметници‘‘ 2022 година

АМС: Добитници на проектот ,, Млади Уметници‘‘ 2022 година

Во просториите на  Агенцијата  за млади и спорт, од  страна на  директорот беа прогласени добитниците  на Проектот  ,,Млади уметници‘‘  2022 година, проект кој се реализира девети пат по ред.

Директорот Наумче  Мојсовски ги поздрави младите, заблагодарувајќи им се за учеството во конкурсот  кој потенцираше дека сите иницијативи кои се однесуваат на поддршка и поттикнување на младите и креативни луѓе, без оглед за кој професионален домен да стане збор, се за пофалба и афирмација. Младите се иднината на секоја земја, водечка сила и затоа насоките во кои се  движат младите се  битен фактор за успех на сите полиња. Уметноста не познава граници, националности, ниту вери, таа е универзална и претставува јазик кој сите го разбираат.

Проектот опфаќа пет различни категории и тоа: сликарство, скулптура, графика, графички дизајн и фотографија, во две одделни групи, млади од 15-20 години и 21-29 години.

 Категорија 15-20 години   наградени се :

·         Во дисциплина Сликарство  се  наградува Василиса Курзакова.

·          Во дисциплина Фотографија се наградува Каја Тасевска, со делото под  наслов „Надеж“.

·         Во дисциплина Графички Дизајн  се наградува Борис Коцев, со  делото под  наслов „Толеранција“.

 

      Категорија 21-29 години  наградени се :

 

·         Во дисциплина Сликарство се наградува Беартрис Петровска.

·         Во дисциплина Графика  се наградува Агнеса Хазири, со  делото „Рурална архитектура“.

·         Во дисциплина Скулптура  се наградува Дамјан Ристевски, со делото „Поларизација“.

·         Во дисциплина Графички Дизајн се наградува Драганчо Божиновсо делото ,, Целете кон мир‘‘.

·         Во дисциплина Фотографија се наградува Ирина Крстевска, со наслов на делото ,,Self-Love”.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...