spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Бронза за Андреј Арсовски во кајак - спуст

Карпош: Бронза за Андреј Арсовски во кајак – спуст

Денеска на средба кај градоначалникот Стевчо Јакимовски беше младиот кајакар Андреј Арсовски кој го освои третото место на традиционалниот Меѓународен  божиќен кајак спуст кој се одржа овој месец во Загреб, Хрватска. Андреј е деветто одделение во основното училиште “Христијан  Тодоровски- Карпош“ и е член на кајакарскиот клуб „Илинден’90“- Скопје.

Тој веќе две години се занимава со овој спорт и има освоено повеќе медали  оваа година, второ место на државен натпревар во кајак спуст и четврто место на државно пионерско првенство во категорија слалом.  Градоначалникот им посака повеќе успеси и во иднина да ја преставуваат локалната самоуправа во најдобро светло.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

МЗ: Се осовременува календарот за имунизација со деветвалентна вакцина против ХПВ,...

0
Почитувани, Министерот за здравство, д-р Илир Демири, заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева, националната координаторка за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, специјалната претставничка на...