spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeИнтервјуаИскачување: Од самодисциплина и упорност до забава

Искачување: Од самодисциплина и упорност до забава

Разговор со Калина Ивановска од ООУ Димо Хаџи Димов младата качувачка на Алпинистичката карпа

  • Кога ти се роди идејата и желбата да почнеш со качување на алпинистичка карпа?

-Желбата за качување ми се роди уште кога бев многу мала, се качував по дрвјата во нашиот двор, регистерот за греење во тоалетот,  по вратите дури и по фасадата на куќата.  Се качував каде ќе стигнам. Еден ден со сестра ми и тетка ми се возевме со велосипеди по кејот на Вардар и прв пат ја забележав вештачката карпа и посакав да пробам да се качувам по неа. Се јавивме во Boulder bar, клубот во којшто членувам и еве оттогаш веќе  пет години активно тренирам. Иако, условот  да се членува беше да имам полни шест години, мојот тренер Владо Трповски го препозна мојот талент за качување и ме прими во клубот и ако имав само петипол години, зашто сум му благодарна. Покрај тоа што тренирам со Владо, сакам да го спомнам и поздравам мојот омилен тренер Виктор Трповски .

  • Колку време од денот посветуваш на овој спорт?

 

-Кога почнав да тренирам, одев два пати неделно по еден до два часа, но еве неколку години тренирам секој ден по два до три часа. Понекогаш ми е напорно, но никогаш здодевно. Обожувам да се качувам и со нетрпение чекам да ми дојдат часовите за тренинг. Учам во ОУ Димо Хаџи Димов во Влае и сега сум петто одделение.

 

  • Дали твоите наставнички и другарчиња од училиште имаат разбирање за секое твое отсуство?

-Морам да кажам дека имам безрезервна поддршка од сите мои соученици и сите наставници кои ми предаваат и им искажувам едно големо благодарам што се радуваат, ме толерираат и ме поддржуваат при секој мој успех…па и неуспех. Исто така сум благодарна и на татко ми, и на останатите членови од семејството, што секогаш наоѓаат време да ме носат на тренинг и по натпревари .

 

  • Што поточно правиш кога се искачуваш на карпа, која е твојата цел и тоа што сакаш да го постигнеш во иднина?

-Качувањето на природна и на вештачка карпа ми е многу забавно, и иако некогаш изгледа лесно и едноставно, сепак потребна е голема концентрација, многу мислење, сила,  дисциплина и упорност да се стигне до целта.

Моментално тренирам и се забавувам,  а во иднина секако дека ќе продолжам со качувањето и ќе посетам многу познати локации за качување на природна и вештачка карпа во Македонија, а и надвор од неа.

  • Кои се досегашни твои резултати?

-Сум учествувала на повеќе првенства, домашни и странски, во Австрија, Турција, Грција, Србија. Имам освоено 11 златни медали, три сребрени и две бронзени медали. Исто така сум во два наврати државен првак во оваа дисциплина.

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...