spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Јакимовски изврши увид на градежните активности на Јуриј Гагарин и најави...

Карпош: Јакимовски изврши увид на градежните активности на Јуриј Гагарин и најави нови зафати

Општина Карпош ја стартуваше новата година со реализација на градежни зафати на територијата на урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу.

Решен е повеќе деценискиот проблем со канализационата инфраструктура на зградата број 47 на улицата Јуриј Гагарин. Градежните работи ќе продолжат на оваа локација.

Планирано е подземна и надземна реконструкција на крак од улицата Јуриј Гагарин. – Во овој дел ќе правиме атмосферска канализација вклучувајќи нови тротоари, нов коловоз, а ќе бидат средени и паркинзите на зградите 47 и 49, изјави градоначалникот Стевчо Јакимовски.

Во програмите за 2023 година ставена е и изведба на енергетско ефикасна фасада нa зградите 47 и 49, а потоа и уште една зграда во непосредна близина со што оваа урбана заедница ќе добие современ и модерен лик.

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...