spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниШтип: Соопштение за наградени и стипендирани ученици за 2021/ 2022 година

Штип: Соопштение за наградени и стипендирани ученици за 2021/ 2022 година

Општина Штип доделува 13 стипендии и 4 еднократни парични награди на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари во учебната 2021/2022 година.

Стипендиите и еднократни парични награди се доделуваат согласно Ранг-листата од Комисијата за наградување на учениците од Општина Штип за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари, врз основа на спроведениот Јавен повик за пријавување на ученици за доделување награди и стипендии за особени постигнувања на државни и меѓународни натпревари со архивски број 09-6502/1 од 31.10.2022 година

Стипендиите се доделуваат за период од 12 месеци, за учебната 2022/2023 година.

Стипендија во износ од 3.000,00 денари месечно, се доделува на:

  1. Дамјан Давков
  2. Иван Костевски
  3. Марио Ванчоски

Стипендија во износ од 2.500,00 денари месечно, се доделува на:

  1. Теодора Стојчевска
  2. Даниел Христов
  3. Дора Милева

Стипендија во износ од 2.000,00 денари месечно, се доделува на:

  1. Стефан Гулиќ
  2. Драган Костадинов
  3. Сара Јакимовска
  4. Дијана Арсова
  5. Ана Арсова
  6. Јована Митева
  7. Андреа Кукушева

Еднократни парични награди во износ од 30.000,00 денари се доделува на прворангираните четворица кандидати, кои ги исполнуваат условите за добивање  еднократни парични награди:

  1. Дамјан Давков
  2. Иван Костевски
  3. Марио Ванчоски
  4. Теодора Стојчевска

Ги информираме сите наградени и стипендирани ученици, дека финасиските средства за стипендиите и еднократните парични награди се обезбедени од Буџетот на Општина Штип за 2022 и 2023 година. Исплатата на износите за месеците септември, октомври, ноември и декември од оваа година (2022), ќе им бидат исплатени до крајот на годината, а останатите месечни износи, последователно, ќе им бидат исплаќани за секој изминат месец, заклучно со август 2023 година, на нивната трансакциска сметка.

Општина Штип им се заблагодарува и им честита на сите ученици кои се пријавија на огласот, а особено на наградените, на нивните ментори и раководни тимови во училиштата, за постигнатите резултати и успеси, како и за подршката да го претставуваат училиштето, градот и Македонија и секако на нивните родителите.

Ова е новина во делот на основното и средното образование во Општината, доделувањето на еднократни парични награди и стипендии на ученици кои постигнале значајни резултати, односно освоиле награди на државни и меѓународни натпревари и би сакале да истакнеме дека претставува заложба на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, како и на членовите на Комисијата за наградување, бројот на наградени и стипендирани ученици во иднина да се зголемува.

⇓ БОДОВНА ЛИСТА НА НАГРАДЕНИ

 

 

 

 

Извор: Општина Штип 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...