Град Скопје: Препораки до општините во градот Скопје

ОпштиниГрад Скопје: Препораки до општините во градот Скопје

Најчитано

Во насока на стимулирање на зголемена употреба на еколошки превозни средства, намален метеж во сообраќајот и намалено загадување на воздухот од употребата на моторни возила, Град Скопје достави до скопските општини препорака за носење одлука со цел воведување задолжителни паркинг места и простор за велосипеди во рамки на градежните парцели при издавање на одобренија за градба за нови објекти, како и за усогласување на инфраструктурата кај веќе изградените објекти.

Одлука која би се донела на општинско ниво е важна со цел инвеститорите на нови станбени и деловни објекти во рамки на градежната парцелата да предвидат и соодветни паркинг простори за велосипеди. Со ваква одлука со која би се задолжиле инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност за истите да се постават, значително ќе се придонесе за подобрување на инфраструктурата и стимулирање на зголемено користење на велосипедите.

Со наложување на минимално потребен број на паркинг места за велосипеди кај новите, но и кај станбени згради кои треба да се реконструираат, се обезбедува стандардизирање на уредувањето и обезбедувањето на паркинзи за велосипеди во рамки на една градежна парцела, што треба да е соодветно прилагодено согласно бројот на станбени единици и бројот на паркинг места за моторни возила.

Се препорачува со одлука на општината да се утврди од вкупниот број паркинг места за велосипеди, истите да бидат заштитени од кражба и атмосферски влијанија, правно усогласени со документацијата која е дел од постапката за издавање на одобрение согласно Законот за градење.

Се препорачува со одлука на советот на секоја од општините да се предвиди, за веќе изградените станбени и деловни објекти да ја уредат и усогласат инфраструктурата и опремата за паркинг за велосипеди во соодветен рок утврден со донесената одлука.

Едновремено Град Скопје во изминатата година обезбеди паркинзи за велосипеди во сите 23 градски средни училишта со цел стимулирање на здрави навики кај младите и користење на велосипедот, при што се препорачуваме на скопските општина во училиштата и институциите кои се под општинска надлежност да се воведат соодветни паркинг простори и места.

Веруваме дека со заеднички напори и воведување системски решенија, ќе бидеме чекор поблиску до обезбедување поквалитетни услови за живот на нашите граѓани.

 

 

 

 

Извор: Град Скопје

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе