spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Националната стратегија за млади останува главен фокус и во 2023 година

АМС: Националната стратегија за млади останува главен фокус и во 2023 година

Националната стратегија за млади останува главен фокус на АМС и во 2023 година.

Агенција за млади и спорт и во 2023 година продолжува со активностите за подготовка на
Националната стратегија за млади 2023 – 2027, процес кој се одвива со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Фондот за население на Обединети нации – УНФПА и Програмата за развој на
Обединетите нации – УНДП.

Императив на овој стратешки документ е да ја унапреди положбата на младите во општеството преку цели и мерки кои нудат реформска рамка пред сè за институциите,
но и останатите релевантни чинители, со цел да им се овозможи на младите да ги остварат своите права, потреби и интереси.

Во периодот помеѓу октомври и декември 2022 година се одржаа широки консултации во
различни форми со младите.

Покрај главниот настан за одбележување на отпочнувањето на процесот на изработка на стратегија беа организирани и тематски консултативни средби за секоја од тематските области во рамки на Националната стратегија за млади: младинско учество, образование, младинско информирање, младинска работа, безбедност, култура, здравје и
вработување.

Се одржаа вкупно 24 тематски консултативни средби во кои беа вклучени повеќе од
300 претставници од релевантни институции, граѓански организации и млади од целата земја.

Дополнително, во истиот период беа организирани консултативни средби со претставници на
подмладоците од политичките партии, младински „чадор“ организации, студентските сојузи и средношколци.

Осум тематски двојазични прашалници за консултации со младите беа дистрибуирани преку социјалните медиуми и други комуникациски канали, додека алатката U-report беше искористена за да се поттикне вклучување на поголем број млади од целата држава.

Во моментов, се подготвува нацрт верзија на Националната стратегија за млади 2023 – 2027. Во март 2023 година ќе започне процесот на консултации со младите и другите чинители на локално и регионално ниво преку организирање осум настани во сите осум плански региони, со следниот распоред:

1. Штип – 03.03.2023 ( петок)
2. Битола – 03.03.2023 (петок)
3. Велес – 07.03.2023 (вторник)
4. Куманово – 09.03.2023 (четврток)
5. Струга – 09.03.2023 (четврток)
6. Гостивар – 10.03.2023 (петок)
7. Струмица – 10.03.2023 (петок)
8. Делчево – 13.03.2023 ( понеделник)

Во следниот период ќе се дефинираат датумите и местата на одржување на консултациите и за источниот плански регион, за што ќе бидете навремено информирани.

Преку транспарентен процес и активно вклучување на младите веруваме дека новата Национална стратегија за млади ќе овозможи креирање одржливи младински политики и ќе создаде подобри услови за развој и нови можности за младите.

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...