spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАМС: Работна средба со министерката за култура

АМС: Работна средба со министерката за култура

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски организираше работна средба со министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Подигнување на свеста за културното наследство кај младите е една од приоритетите на двете институции, за што во подготовка е меморандум за соработка.

Мојсовски истакна дека Агенцијата за млади и спорт продолжува со реализација, но и со проширување на кампањи кои се однесуваат на младите, а истите се составен дел од програмата за работа за 2023 година.


-Ќе се обидеме да го стигнеме процентот на реализација на младинската картичка по примерот на соседните држави, а прв чекор може да биде вклучување на културно-историските установи во земјата кои со свои договори за соработка би го поттикнале присуството на младите на културни настани, но и посета на многубројните културно-историски локалитети.
-Да не дозволиме интересот на туристите за посета на локалитетите кои имаат културна историска важност за земјата да биде поголем од интересот кај нашите млади, истакна Мојсовски.


Тој предложи голем број на активности во организација на АМС, кои оваа година можат да стават акцент на подигнување на свеста кај младите за културното наследство, предлагајќи оваа година тоа да биде тема на двата најголеми проекти за млади: „ Млади Уметници” и „ Млади поети”.

-На средбата на RYCO за западен Балкан во Берлин се разговараше за поголем развој и зацврстување на активностите на RYCO на територија на сите 6 држави, основање на културен фонд за млади кој финансиски ќе биде поддржан од страна на министерството за надворешни работи на СР Германија , како и земјите од Западен Балкан, истакна Мојсовски. Тој додаде дека е потребно вклучување на повеќе институции, како МОН, Министерството за Култура, Агенцијата за млади и спорт, но и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност , со цел организација на заеднички кампањи во интерес на младите, а се однесуваат на културното наследство.

 

 

 

 

 

 

Извор: Агенција за млади и спорт

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...